Премиерот Заев пред средбата со неговиот грчки колега Мицотакис очекува на состанокот да се наметнат претежно економски теми, но оти нема да биде заобиколена ниту европската агенда.
„Ќе разговараме и за престојниот НАТО Самит, но она што е многу важно е дека ќе разговараме и за имплементирање и на договорот од Преспа заради тоа што преку неговото имплементирање ќе растат и релациите меѓу двете земји“, рече Заев.
Како што е најавено, премиерот Заев на економскиот симпозиум во Солун се очекува да отпатува попладнево.