15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Заев со крената глава влезе во НАТО, но каков ќе излезе по средбата со Радев?

Најчитани вести

Македонија е целосно посветена на колективната одбрана. Ова го изјави премиерот Зоран Заев на првиот Самит на НАТО, на кој земјава учествува како полноправна земја-членка на Алијансата.

– Ова е прв самит за Северна Македонија како полноправна членка и прв самит за НАТО со 30 земји членки, ова е голем успех и за Северна Македонија и за НАТО. Членството во НАТО беше остварување на нашата стратешка цел, а Алијансата ја подобри стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан – рече Заев, кој ја преводи македонската делегација на Самитот, во чиј состав се и министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Бујар Османи.

Премиерот додаде дека Северна Македонија е посветена на изградба на Западниот Балкан на 21-от век, како регион на стабилност и просперитет за сите граѓани.

– Тука сме да ја потврдиме нашата обединетост, кохезија и солидарност во справувањето со идните предизвици. Ги делиме истите вредности и стоиме рамо до рамо во Алијансата, посветени сме на колективната безбедност, посилни сме заедно – рече премиерот пред почетокот на самитот.

Според најавите околу 17 часот Заев ќе оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев, на кој ќе стане збор и за претстојниот клучен министерски состанок на ЕУ на кој треба да се донесе одлука за одржување на првата меѓувладина конференција, односно формалното започнување на преговорите на земјава со Унијата, што засега сѐ уште е блокирана од Софија.

– Сите средби донеле бенефит, очекуваме исчекори и подобра иднина за сите наши граѓани, очекувам дека низ разговори можеме да најдеме решение – рече Заев.

Tој потсети дека Македонија е кандидат за членство со препорака за почеток на преговори повеќе од 16 години.

– Очекувам нашиот прв, источен сосед Бугарија конечно да даде поддршка за првата меѓувладина конференција – дополни премиерот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести