27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Заев: Со консензус ќе се решава за една изборна единица

Најчитани вести

Премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Зоран Заев денеска испрати порака до политичките партии и опозицијата дека сака да биде постигнат консензус во разговорите за изборното законодавство, што, според него, ќе биде поголема сигурност за граѓаните и ќе поттикне поголема храброст за имплементација.

– Остануваме комплетно посветени со консензус да се донесе изборното законодавство – рече Заев повторувајќи дека во оваа легислатива е важно да се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, да се продолжи со реформите во демократизацијата на државата, а внатре да бидат вклопени и ставовите на опозицијата.

Неговата партија, рече тој, е за една изборна единица, ветување уште од изборите во 2016 година, а ваков став имаат и помалите партии.

– За одредени прашања работата не зависи само од нас. Наша определба е една изборна единица, помалите партии се „за“, другите поголеми партии не се баш „за“, а треба со консензус да го донесеме законот – рече Заев.

Тој предупреди дека надгласаните партии би можеле да ги бојкотираат изборите.

Заев одговарајќи на новинарско прашање за разговорите за Изборниот законик рече дека со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски досега не успеал да се договори за ништо, но оти ќе направи сѐ разговорите да бидат успешни.

– Ќе направам сѐ. Можевме многу лесно да кажеме ковид е и нема фингерпринт. Одговоривме не, ќе најдеме пари, само ДИК, претседателот на ДИК да направат брза постапка. Ние сме тука да помогнеме сѐ што треба, и ако имаме мнозинство во ДИК да ја споделиме одговорноста брзо да се направи набавката на апаратите за отпечаток од прст и веднаш да ги воведеме. Сите знаеме дека треба да покриеме места каде што нема интернет, да бидат заштитени личните податоци на граѓаните, дека има чекори цела база што МВР треба да ја трансферира во ДИК, таму некој да си преземе сериозна одговорност заради податоците – рече Заев.

Тој додаде дека опозицијата бара градоначалниците да се бираат во првиот круг, но со тоа, вели дека би изгубиле помалите партии

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести