28.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Заев: Се ќе стане јасно по второто сведочење на Верушевски

Најчитани вести

Премиерот Заев во интервју за Гласот на Америка вели дека од првото сведочење на неговиот советник, поранешниот директор на тајната полиција Зоран Верушевски не може да се изведе финален заклучок, а од натамошните рочишта на виделина ќе излезе сета вистина за прислушувањето. Тој смета дека Верушевски не кажал ништо спротивно на фактичката состојба, а во однос на модификацијата и манупулацијата на „бомбите“, Заев укажува дека никој не ја оспорил нивната автентичност, која дополнително била потврдена со форензичко испитување, направено во кредибилна меѓународна институција за вештачење.

„Треба да оставиме второто рочиште да ги каже вистините за ова прашање. Тој во својата разочараност за ова што се случи во Специјалното обвинителство, конвергира на ваквите зборови и употреба. Секако, автентичноста на разговорите никој ја нема оспорено од сите обвинети лица во судот. Форензиката ги потврди разговорите и, прво, да нема дилема за никој во функција на тоа. И, втората дилема, којашто се јавува овде, како тоа господата Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски дале информација дека материјалите се предадени на Верушевски, а Верушевски вели, на Социјал демократскиот сојуз, вистината е иста. Тие се предадени на Социјал демократскиот сојуз, но задолжено лице во СДСМ е шефот на Комисијата за безбедносни политики на СДСМ, Зоран Верушевски. Така што, тој го гледа повеќе формалниот аспект. Да оставиме вториот дел, на 10 октомври, кога е продолжението на испрашувањето на господинот Верушевски во својство на сведок, да биде сè јасно за граѓаните и за државата“, вели премиерот во интервју за Гласот на Америка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести