20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Заев се чуди зошто Владата уште не ги објавила хонорарците

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев изјави дека денеска од владиниот портпарол ќе бидат соопштени деталите за сите лица кои биле ангажирани хонорарно од Владата и кои се причините за таквите ангажмани.

– Владата е како кабинет, асистент на сите други ресори. Многу често ни требаат хонорарни ангажмани, од осветлување, до озвучување, до подготовка на прес-конференции, до соопштување на важни работи за јавноста за граѓаните, токму преку вас медиумите, за одредени други времени активности, за кои што немаат никаква потреба трајно да бидат згрижени, а се нафатиле граѓани од својата професија да бидат ангажирани во делот на Владата – рече Заев.

Тој напомена дека денеска ќе бидат соопштени сите детали за оние кои биле хонорарно ангажирани од вакви причини.

– Не знам зошто уште во петокот не го објавиле. Веројатно поради тоа што и кај нас во Владата имаме луѓе позитивни на ковид, дел се во самоизолација, дел се сѐ уште во делот на мерките на администрацијата на ротирање, па објавиле во петокот дека денеска, во понеделник, ќе ги објават. Но како што знаете, сите советници се знаат во мојот кабинет, се знаат транспарентно сите податоци, посебно кои сте ги барале вие новинарите, а се во интерес на граѓаните. Никогаш не сме криеле и ова ќе го објавиме во сите детали – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по средбата со лидерите од албанската опозиција Зијадин Села и Африм Гаши.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести