23.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Заев се надева на позитивен исход од преговорите за ЈО, но подготвен е и за лидерска средба

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се надева на позитивен исход од преговорите со опозицијата за Законот на јавно обвинителство, но и дека е подготвен да свика лидерска средба, ако има потреба за тоа. Сепак, вели дека треба да се даде шанса за решение по законски пат.

„Очекуваме од работните групи да кажат дали има потреба за лидерска средсба. Ако тие кажат јас сум подготвен. Целта е да се изнајде решение за Законот за јавно обвинителство. Не сме толку далеку од решение, верувам дека може да се најде“, изјави

Заев, по посетата на болницата 8 Септември.

На прашањето дали има план Б ако не се постигне договор, Заев рече дека не размислувал за тоа бидејќи треба да се даде шанса за решение по законски пат.

„Веривам дека низ законот ќе се најде решение. Да му дадеме шанса на законот. Имаме седум дена. Треба да се најде решение. Голем дел од финесите се решени“, порача Заев.

Во врска со писмото на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тој вели дека може позитивно да влијае во целиот процес на преговори и дека не гледа ништо спорно во тоа, бидејќи во Шутка имало и менаџери кои потпишувале плати а биле во притвор, со оглед дека биле осомничени исто како и Јанева, а не осудени лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести