4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Заев: СДСМ влегува во 36 општини во втор круг, на крај ќе имаме повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Најчитани вести

Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека СДСМ и коалицијата победуваат или имаат водство во повеќе од 30 општини во земјава.

Според него, коалицијата на СДСМ победува во првиот круг или има водство пред ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Крива Паланка, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Кочани, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Македонска Каменица, Богданци, Берово, Кривогаштани, Пехчево, Чашка, Пробиштип, Демир Капија, Демир Хисар, Маврово и Ростуше, Старо Негоричане, Росоман, Лозово, Конче, Арачиново, Дебарца, Долнени, Куманово, Скопје.

„Поддршката што ја добивме во првиот круг е сериозна, и нема да дозволиме некој земјата да ја враќа назад. Пред нас е голема борба и влегуваме во борба за сите преостанати општини. На крајот СДСМ ќе има повеќе градоначалници во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција. Впрочем и затоа Мицкоски бараше градоначалници во првиот круг, бидејќи знае дека ситуацијата ќе се смени во вториот круг. Јасна е пораката на народот и таму каде што победивме и таму каде што не победивме – народот сака резултати и тоа е можно само со коалиција која оди напред. Борбата продолжува, бидејќи злото се заканува“, изјави Заев.

Тој ги повика сите оние кои не излегле на гласање во првиот круг, тоа да го сторат во вториот круг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com