-9.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Заев, Рама и Вучиќ ќе разговараат за „Мал Шенген“

Најчитани вести

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Зоран Заев, денеска преку интернет ќе разговараат за подобрување на односите во рамките на регионалната иницијатива „Мал Шенген“.

Вучиќ претходно изјави дека очекува на тој состанок да бидат донесени конечни одлуки за заедничко дејствување против природните катастрофи и за побрз проток на добра, луѓе и капитал.

– За нас е од големо значење системот на работни дозволи, каде што оној што ќе добие работна дозвола на територијата на една од трите земји ќе има работна дозвола во сите три земји. Ова ќе обезбеди поголема работна сила во Србија, рече претходно Вучиќ.

Иницијативата „Мал Шенген“, што во моментов ги вклучува Србија, Албанија и Северна Македонија, беше покрената во 2019 година од трите земји како проект за подобрување на економијата и регионалната соработка.

Идејата на трите земји од Западен Балкан е да создадат единствен пазар со цел да се забрза нивниот економски развој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com