18.8 C
Skopje
Saturday, April 1, 2023

Заев: Приходите во буџетот од Царинската управа повисоки од очекуваното

Најчитани вести

Во текот на минатата година вкупниот приход од царини, ДДВ, акцизи и од други надоместоци е повисок за 4,8 отсто во однос на планираното, рече премиерот Зоран Заев честитајќи им го на вработените Денот на Царинската управа. Тој оцени дека овие показатели на годишно ниво, во време кога заради пандемијата значително е намален интензитетот на економијата и трговија, докажува дека со чесно и професионално работење царинските службеници се потврдија како еден од најголемите учесници во полнењето на буџетот.

Премиерот Заев нагласи дека огромен дел од овие приходи Владата ги пренасочи назад кон граѓаните и деловната заедница за одржливо работење, за зачувување на работните места и за животниот стандард. Овие факти, како што посочи, сами по себе зборуваат колку значајна е улогата на Царинската Управа во креирањето на економскиот амбиент во државата.

Царинската управа и царинските работници, потсети Заев, се првиот контакт со нашата земја – и се лицето на државата.

„Како резултат на посветеноста на вработените на сите нивоа остануваме лидери во дигиталното работење. Огромен дел од царинските постапки кои се реализираа на хартија сега се заменети со електронски постапки и од овој месец извозот од државата се врши целосно електронски и безхартиено“, рече Заев.

Честитка упати и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, оценувајќи дека царинските работници се врската на нашата држава со светот, огледало за деловното опкружување на една земја, првичната перцепција на светот за нас и суштинска алка за унапредување на меѓународните економски односи, преку континуираните напори за олеснување на слободното движење на луѓе, стоки и услуги.

Најнови вести