11 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

Заев: По влезот во НАТО, невработеноста ќе паѓа со поголем интензитет

Најчитани вести

Премиерот на Македонија, Зоран Заев во емисијата „Отворено Студио“ на ТВ Шења, зборуваше за придобивките кои ги носи интеграцијата во НАТО.

Според него сигурноста и стабилноста на државата и граѓаните е првата и главна придобивка, додека втората придобивка ќе биде од економски аспект.

Заев откри дека Владата го има поминато законот за брзи инвестиции, со што според него се отвора патот за пет големи инвестиции кои тежат стотици милиони евра, а кои ќе бидат реализирани по интегрирањето на земјата во НАТО.

Првите резултати од поканата на НАТО која ја добивме лани, рапидно пораснаа“, изјави претседателот на Владата, Зоран Заев во интервјуто за Шења.

„Инвестиците пораснаа, работните места се зголемија. НАТО ќе го постигне ефектот кој што го постигнал во сите земји. Тоа е зголемување неколкукратно на брутодомашниот производ, зголемување на работните места, трендот на невработеност ќе паѓа со поголем интензитет, повеќе инвестиции“, изјави Заев.

Според него, тоа ќе го подигне и економскиот стандард.

– Со тоа ќе има пари за пензии, плати и поддршка на приватниот сектор, вели Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести