6.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Заев потврди дека ќе биде кандидат за премиер

Најчитани вести

На претстојните предвремени парламентарни избори, Зоран Заев повторно ќе се трка за премерското место. Ова го потврди во изјавата за новинарите, прашан да одговори дали Оливер Спасовски ќе биде новиот технички премир. Заев рече дека на ова прашање ќе може да одговори на крајот од декември.

– Техничкиот премиер ќе биде познат во декември, по консултациите во самиот СДСМ и со коалициските партнери. Доколку формираме нова Влада, јас ќе продолжам да бидам премиер, тоа е веќе познато, бидејќи јас ќе ја водам изборната кампања. Јас сум радосен што на трети јануари ќе и’ се посветам на партијата. Ќе се посветам за да се понудам уште еднаш на граѓаните. Јас барам нов, чист, цел мандат за да продолжиме. Сега топката е кај граѓаните. Тие ќе ја дадат насоката по која треба да се движиме. СДСМ ќе излезе со малку модернизарен тим и модернизирана програма и вака поставени, рече Заев.

Toj го потврди ставот на поранешниот грчки вицепремиер Евангелос Венизелос дека реализацијата на Преспанскиот договор е врзано со интеграцијата на Македонија во ЕУ и дека внатрешната употреба на името, односно „Ерга Омнес“, зависи од тоа дали земјата ќе започне преговори со ЕУ.

– Продолжуваме со реализацијата на Преспанскиот договор. Не случајно стојат така поглавјата. Тоа знаи дека договорот е помеѓу двете земји, носи соработка, вградена е и ЕУ. Преку поглавјата се реализацира. Затоа тука е и гарантот на ЕУ, наведе Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com