25.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Заев: Поради одложените преговори името на Северна Македонија ќе биде блокирано

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев, вели дека одложувањето на почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија го става во опасност Договорот од Преспа.

„Поточно, ова значи дека делови за внатрешна употреба на новото име Северна Македонија ќе бидат блокирани и нема да бидат применливи“, рече Заев во интервју за „Еуроњус“ на грчки јазик, објавија дел од медиумите.

Заев објаснува дека одредени членови од договорот, потпишани од Македонија и Грција на 17 јуни 2018 година, се тесно поврзани со напредокот на Северна Македонија кон членството во ЕУ.

„Некои членови ќе бидат замрзнати бидејќи не можат да се спроведат. Ние ќе се обидеме да ги спроведеме, но и двете работи се поврзани“, рече Заев.

„Кога Балканот има проблем, тогаш го има и Европа“

Сепак, во интервјуто, тој потенцира дека нема друга алтернатива за земјава и дека без Европската унија „ќе бидеме изгубени во темница“.

“Ние немаме алтернатива. Нема друга понуда што би можела да биде алтернатива. Она што го нудат некои не ни дава демократија, владеење на правото и слободата. Ако светлината на ѕвездата на знамето на Европската унија се изгаси, ние ќе бидеме како во зандана. И може да се изгубиме во таа зандана. Ако на радикализизацијата инационализмот им се постави тло, тие ќе направат огромна штета на целиот Балкан. И кога Балканот има проблем, тогаш и Европа има проблем “, заклучи Заев.

Македонија и Грција решија едногодишен спор околу името на Македонија со договорот од Преспа. Договорот предвидуваше името на Македонија да се смени во Република Северна Македонија, а Грција, пак, да престане да го блокира членството во НАТО и Европската унија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести