4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Заев побара од МВР јавно да го објави извештајот од увидот по пожарот во тетовската модуларна болница

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев денес побара од МВР да го објави извештајот кој што го испратиле до Обвинителството, а кој се однесува и е дел од истрагата за пожарот во Тетово во кој загинаа 14 лица. Заев рече дека јавноста очекува одговори, а порача МВР треба да го објави извештајот, а Обвинителството да продолжи со истрагата.

„Не можам да дадам наредба, налог или некои напатствија на орган кој не е под извршната власт, тоа е Јавното обвинителство. Можам да апелирам час поскоро, по завршување на квалитетна истрага, да се објави, но можам да побарам од МВР, тоа што е делокруг кај нив како орган под состав на владата, да го објават, да го соопштат до граѓаните, затоа што поминуваат неделите и навистина треба да се дадат соодветни одговори, прво за граѓаните, а секако и за нас како Влада да ги носиме соодветните одлуки. Знам дека делот на форензиката, вештачењето кое го направи МВР е доставено до Јавното обвинителство и од тој аспект очекувам во следните денови да се објави од страна на МВР тој извештај, а Јавното обвинителство можат да си продолжат со истрагата“, изјави премиерот Зоран Заев.

„Во Основното јавно обвинителство Тетово пристигна извештајот од ОКТИВ при МВР од извршениот увид на местото на пожарот во Модуларната ковид-болница во Тетово, кој беше побаран со наредба од обвинителството. Извештајот ќе биде разгледан и анализиран од страна на обвинителите. Се очекува да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки. Дејствијата за утврдување на причините за настанатиот пожар кои ги преземаат петмината обвинители континуирано се одвиваат. Во момeнтов се врши сослушување на членови на Комисии за импелементација, следење и технички прием на модуларните монтажни контејнери, кои биле со решение формирани од Министерството за труд и социјална политика“, велат од Обвинителството за истрагата.

Пожарот во тетовската модуларна болница се случи на 8ми септември неколку минути после 21 часот.

Во трагедијата, животот го загубија 12 пациенти и две лица кои во моментот биле во објектот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com