24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Заев: Партиите треба да се подготват за избори на 12 април

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев се надева дека ќе нема потреба да се одложува датумот на изборите и затоа ги повикува партиите да се подготват за 12 април, и да ја претстават својата понуда пред граѓаните што е можно поскоро. Сепак, сè уште остава отворена можноста за одложување, доколку се работи за големи државни интереси, како што е одобрувањето на целосниот договор за членство во НАТО, во парламентот.

Опозицијата веќе неколку дена се спротивставува на оваа идеја на власта, не прифаќајќи промена на датумот за 12 април.

Шпанија се очекува да биде последната земја што ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО, но постапката би можела да биде комплицирана поради парламентарните избори што треба да се одржат во Шпанија на 10 ноември. Расправата за конституирање на Собранието на Шпанија е закажана за 3 декември, но не е јасно кога ќе биде ставен на дневен ред протоколот за членство на Македонија. По ратификувањето на протоколот од страна на последната земја членка на НАТО, Собранието во Скопје треба да го одобри конечниот договор за членство во Алијансата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести