17.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Заев: Партиите да се подготват за избори на 12 април

Најчитани вести

Откако вчера го проблематизираше датумот за изборите, денеска премиерот повика партиите да си ги подготват листите на кандидати за пратеници за 12 април. Очекува целата постапка околу ратификацијата за членството во НАТО да биде завршена до 11 февруари, кога се распушта актуелниот парламентарен состав.

Заев сепак, остави простор и повика на одговорност кон државата, во случај да биде неопходно, да се помести датумот поради НАТО. Од ВМРО-ДПМНЕ му одговорија дека нема никакви пречки за одржување на изборите токму на 12-ти април.

Од 29 земји членки на НАТО, останаа уште Франција, Холандија и Шпанија  да го ратификуваат протоколот за влез на Македонија во сојузот. Во Франција ратификацијата треба да ја заврши Националното собрание, откако тоа претходно го стори Сенатот. Очекувањата беа дека Протоколот ќе биде ратификуван од сите 29 држави членки и приемот на земјава ќе се официјализира пред Самитот на Алијансата закажан за 3 и 4 декември во Лондон.Но, ситуацијата ја компликува Шпанија, каде и двата  дома на Парламентот се распуштени поради изборите закажани за 10 ноември и каде се очекува новиот парламентарен состав да се конституира на 3 декември.

Последната инстанца која треба да го потврди чинот е македонскиот парламент, но претседателот Талат Џафери веќе најави дека ќе го распушти Собранието  на 11 февруари догодина, односно точно 60 дена до денот на одржувањето на изборите. Правните експерти, сугерираат дека, Џафери не мора да инсистира на распуштање токму тогаш и дека избори се одржувале и на помалку од 50 дена од распуштањето на парламентот. Укажуваат и дека, Собранието е во постојано заседание и може да се свика во секое време и да одлучува за важни теми,како ратификацијата. Сепак, според првиот човек на законодавниот дом, не постои можност да се свика Собранието доколку има потреба да се ратификува Протоколот за членство во НАТО. За тоа, рече Џафери, ќе треба да се чека новиот собраниски состав, но остави простор и за договор со политичките партии, со кои рече дека досега не разговарал на оваа тема.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести