20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Заев очекува следната недела да стигнат антиковид вакцините од „Фајзер“

Најчитани вести

Премирот Зоран Заев на денешната онлајн дебата со Атланскиот совет на тема „Северна Македонија на прагот од Европа“ изрази надеж дека следната недела земјава ќе добие вакцини против Ковид-19 од „Фајзер“, а потоа и од другите производители.

Запрашан околу набавката на вакцини против Ковид- 9 во Северна Македонија, Заев истакна дека земјава меѓу првите се вклучила во КОВАКС механизмот за набавка на вакцини, но, како што истакна секаде е истиот проблем – нема доволни количества на вакцини и затоа доцни испораката.

– Јас се надевам дека следната недела ќе имаме од вакцините на „Фајзер“, а понатаму и од другите вакцини, потенцираше премиерот.

Тој посочи дека бројките со инфицириани со коронавирусот во земјава се стабилни и оти има над 60 отсто слободни места во болниците за лекување од Ковид-19.

Околу набавката на вакцини од Кина и Русија, Заев истакна дека вакцинацијата не е некаква геостаратешка определба и секој може да се обиде да нарача од секаде.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести