6 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Заев очекува од Конте и Могерини да ги слушне плановите на ЕУ за проширувањето

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев денеска заминува за Рим, а потоа и за Брисел, а на средбите со италијанскиот премиер Џузепе Конте и со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, очекува да добие информации и детали за тоа што се планира во ЕУ во однос на проширувањето и новата методологија што ја предлага Франција.

Очекувам да добијам информации од прва рака од една од влијателните земји членки на ЕУ, Италија. Ќе разговараме со премиерот Конте на таа тема. Знаеме дека се планира состанок на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) за крајот на ноември. Средбата е добра можност да ги добиеме деталите за идните планови во ЕУ, но и да разговараме за билатералната соработка со Италија“, рече Заев по денешната посета на Клиниката за гастроентерохепатологија.

По посетата на Рим, Заев доцна попладне ќе замине во Брисел на прошталната работна вечера на Могерини со лидерите на земјите од Западен Балкан и очекува и на таа средба до добие доплнителни информации кои се плановите, дали ќе има нова методологија за проширувањето и дали веќе се работи на тоа.

„За нас како земја алтернативи не се прифатливи, освен целосно приклучување во ЕУ. Подготвени сме да влеземе во тој процес и да го завршиме низ нови методологии и нови фер шанси што ќе се дадат. Верувам дека и ЕУ и пријателска Франција ќе осознаат дека нема алтернатива за Западен Балкан и Република Северна Македонија освен полноправното членство во ЕУ“, изјави Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести