Home » Заев: Очекувам грчката страна целосно да го спроведе Преспанскиот договор

Заев: Очекувам грчката страна целосно да го спроведе Преспанскиот договор

by Журнал.мк

Имплементацијата на Договорот од Преспа продолжува и на тоа се обврзани двете страни. Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Договорот кој се однесува на сообраќајните патокази затоа што е време пет години по потпишувањето да се сменат патоказите во Грција кои упатуваат кон држава која не постои со кратенка ФИРОМ, вели поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчката телевизија „One Chanel”.

Од друга страна, додава Заев, македонските граѓани годинава и до почетокот на идната година ќе го завршат процесот на промена на личните документи со новото име на земјата.

 Сакам да нагласам дека најважната работа од Преспанскиот договор е комплетно да се нормализираат билатералните политички релации кои веќе влегоа во нормален колосек со активна и редовна заемна комуникација, со меѓусебни државни средби кои резултираа со прва официјална посета на Грција на претседател од Македонија, како и со прва офијална посета на грчки премиер во земјава, вели Заев.

Тој оценува дека Договорот од Преспа отворил подобра иднина за двете држави, нова ера во меѓусебната соработка, регионална стабилност. Благодарение на Преспанскиот договор, вели тој, Македонија е денес поблиску до ЕУ, а благодарение на подршката од Грција и останатите партнери гради посветла иднина за наредните генерации.

Според Заев, европската агенда за државава не е сон, туку реалност, бидејќи, како што наведува, добивме временска рамка дека 2030 година е реална можност земјава да стане членка на Европската унија. – Тоа ме прави оптимист. Останува да се убеди опозицијата дека сега е вистинскиот момент да за забрзаат обврските кои како земја ги имаме и да се придвижиме напред најбрзо што можеме ако сакаме да останеме заедно со останатите земји кандидати од регионот кои ќе се приклучат кон Унијата во 2030 година, наведува Заев.

Поранешниот премиер потенцира дека чекањето и ставањето на европските интеграциски процеси на пауза не е стратегијата која ни треба.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk