4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Заев: Од Самитот очекувам јасна порака дека местото на Западен Балкан е во ЕУ

Најчитани вести

На новинарско прашање на што го темели оптимизмот за напредок во разговорите со Бугарија, ако се земе предвид изјавата на бугарскиот премиер Стефан Јанев дека курсот кон Северна Македонија ќе остане ист, премиерот наведе три аспекти
Во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој треба да се одржи во среда во Љубљана, премиерот Зоран Заев денеска повторно нагласи дека оттаму очекува јасна и чиста порака дека местото на Западен Балкан е во Европската Унија и дека за тоа е подготвена и Унијата.

„На овој самит не се носат одлуки од аспект на отворање на поглавја, први меѓувладини конференции или затворање поглавја за земјите што преговараат, одлуки за кандидатски статус или визна либерализација – соодветно за секоја земја. За нас очекувањето е силна порака која очекувам дека ЕУ преку лидерите претставени во Европскиот совет ќе ја испратат до Западен Балкан, силна и мотивирачка порака за продолжување на максимален фокус на ЕУ кон интеграциите во Унијата“,

рече премиерот.

На новинарско прашање на што го темели оптимизмот за напредок во разговорите со Бугарија, ако се земе предвид изјавата на бугарскиот премиер Стефан Јанев дека курсот кон Северна Македонија ќе остане ист, премиерот наведе три аспекти.

„Имаме позитивно придвижување во разговорите меѓу претставниците на МВР, но тоа е само позитивно придвижување, се надевам дека периодот октомври, ноември и декември да биде максимално искористен за работа и посветеност за изнаоѓање решение. Се работи за патоказот, кој треба да биде нешто што ќе значи преземање обврска од двете страни за унапредување на ефикасноста во соработката, согласно Договорот за добрососедство. Вториот аспект е дека во декември на Советот на министри на ЕУ се носи одлуката, а дотогаш ќе имаме завршено избори и во Северна Македонија и во Бугарија. Трето е драфтираната верзија што се подготвува на Самитот ЕУ-Западен Балкан за сериозната фокусираност и посветеност на ЕУ за продолжување на процесот за евроинтеграциите на Западен Балкан. Како што знаете, токму ова прашање е пречката за продолжување на севкупниот процес на евроинтеграции на Западен Балкан, имајќи предвид дека е поврзано со Северна Македонија и Албанија, а што предизвикува демотивирање и во Србија и Црна Гора, како и Косово и Босна и Херцеговина“,

рече Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com