10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Заев од Вевчани: Од Вевчани цела држава учи дека најдоброто значи гордост и пркос но и желба за напред

Најчитани вести

„Колку чекори напред сме отишле во развојот на државата и на општините, а од доброто и подоброто следува Најдоброто – покажува тоа што денес никој не зборува за молк – бидејки е слобода, никој не зборува за режим – бидејки е демократија. Никој не зборува за отпуштања од работа – бидејки, дури и во време на пандемија, ние покачуваме плати и отвораме нови работни места. Имаме историски најниска невработеност од независноста на Македонија“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во денешното свое обраќање во Вевчани.

„Покажавме на дело што значи да се работи со јасна идеја и јасен план за развојот за секој град, за секое село, за целата држава. Со децентрализацијата од идната година обезбедуваме повеќе приходи за општините, тоа се повеќе пари во општинските каси за да се инвестираат во улици и патишта, во канализациски и водоводни мрежи, за изградба на училишта, градинки и спортски сали, за проекти кои реално го унапредуваат животот на граѓаните во секоја општина“, рече Заев и ја побара поддршката за уште еден градоначалнички мандат за актуелниот градоначалник Сашо Јанкоски.

-Сашо има и елан и енергија и знаење да работи и сработи, кој покажа тоа и убеден сум дека Сашо, заедно со советниците предводени од носителот на советничката листа, Леон Парталкоски – успешен менаџер – ќе го донесат Најдоброто за Вевчани“, рече Заев.

-Нашата понуда, проектите што ги најавуваме – се сигурни и се реалност. На другата страна имаме магла – нејасни, конфузни најави за некакви проекти. Со оглед дека тие имаат намера да ги искомплицираат европските интеграции,  односите со соседите, односите меѓу етничките заедници во нашата држава – наводните проекти на ВМРО-ДПМНЕ се неизвесни, бидејки иднината што ни ја најавуваат како „нова“ е крајно неизвесна И ОПАСНА“, истакна Заев.

„Пред вас се проевропски кадри за градоначалници и советници кои носат СИГУРНОСТ И НАПРЕДОК. Успеавме државата да ја поставиме на патот на Напредокот и со тоа создадовме простор силно да се посветиме на општините за забрзан локален економски развој и напредок на секоја општина“, рече Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com