14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Заев од Аеродром: Млади, тргнете на работа, почнете свој бизнис, државата ќе ве поддржи

Најчитани вести

Заев пред присутните најави нова мерка која ќе донесе дополнителна мотивација секој млад човек да тргне на работа.

„Од први јануари, за два и пол месеци од сега, државата ќе ги плати придонесите за секој млад човек кој ќе тргне на работа, односно ќе биде нововработен. Следуваат и дополнителни стимулации за нововработените млади.

Дополнително, оние кои немаат практично искуство, ќе бидат поддржани преку практиканство во фирмите, кое државата директно ќе го покрие. Ве повикувам драги млади, следете ги можностите кои доаѓаат и на централно и на локално ниво тие се пред вас, државата и општините ви ги обезбедуваат, останете дома, и ангажирајте се на пазарот на трудот.

Што порано стекнете работно искуство и вештини, толку побрзо ќе напредувате во кариерата. Најмногу очекувам младите да се мотивираат и да започнат свој бизнис, да бидат свои газди со свои сопствени фирми. Државата ќе ве поддржи.

Досега само преку ФИТР поддржавме 85 милиони за старт апи и за проекти на младите луѓе, затоа што местото ви е овде, во Аеродром, во Карпош, во Центар, местото ви е во Град Скопје, местото ви е дома и во сите наши општини во нашата Македонија” истакна Заев.

Тој се осврна и на досега спроведените проекти што значат сериозно унапредување на младинскиот стандард.

„Ние сме првата држава која иако не е членка на ЕУ, што ја развива и спроведува Младинската гаранција, преку која изминатата година се вработија над 8.400, а во првите шест месеци од оваа година 2.066 млади лица.

Воведовме субвенциониран студентски оброк, а на 17.836 студенти веќе им се исплатени вкупно 25,7 милиони денари за месец септември

Ги зголемивме студентските стипендии и за првпат воведуваме стипендии за докторанди.

Грижата за младите ја пренесуваме и на локално ниво, градиме општини кои се партнери со младите, кои го слушаат нивниот глас и ги следат нивните потреби.

Општините ги отвораме за младите, воведуваме нов дигитален систем за непосреден контакт на младите со градоначалникот. Продолжуваме со отворање на Младински центри и Младински локални совети во сите општини” порача Заев од Аеродром, се наведува во партиското соопштение.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com