19 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Заев: Оваа Влада никогаш нема да посегне кон цензура

Најчитани вести

Оваа Влада е демократска и никогаш нема да посегне кон цензура. Против лажните вести се бориме со вистината и со нашите чекори досега не сме се ни доближиле до црвената линија чие преминување би значело посегнување кон цензура, вели премиерот Зоран Заев во интервју за печатеното издание на „Капитал“.

Заев подвлекува дека лажните вести, односно дезинформациите, ги поткопуваат демократиите и на нечесен, манипулативен начин ја загрозуваат безбедноста на населението.

Појаснува дека Владата на дневно ниво се справува со дезинформациите, преку својот воспоставен систем за кризни комуникации, со кој во многу брз рок, одредена сомнителна вест се проверува и доколку е лажна, веднаш се дефинираат начинот и каналите на реакција со цел да се оневозможи натамошно ширење.

– Во таа насока воведовме и активна транспарентност на институциите со цел точните информации постојано да бидат на дофат и очиглед на јавноста, со што се намалува просторот за маневар на дезинформаторите. Наоѓањето модел за справување со овој штетен феномен и најголема опасност за демократиите, е врвен предизвик со кој се соочуваат сите демократии низ целиот свет, бидејќи ризикот од овие мерки е властите намерно или ненамерно да посегнат кон цензура или кон контролирање на делови од јавниот етер, оценува Заев.

Ние сме тие, додава Заев, кои заедно со стотици илјади граѓани го ослободивме општеството од стегите на режимот и сигурно нема да бидеме тие кои ќе посегнат кон цензура.

Во интервјуто, премиерот нагласува дека Владата ја поддржува саморегулацијата во медиумскиот еснаф, како најдобар начин кој ги штити медиумите од надворешни влијанија.

– Ние веќе имаме еден добар пример на саморегулација во Македонија – тоа е регистарот на веб портали кои ги исполнуваат стандардите на професионално новинарство, изработен од ЗНМ и СЕММ. Владата го препозна и поддржа овој процес како вреден уште кога беше во фаза на идеја, а денес и го користиме како ресурс за да препознаеме и одвоиме професионални од непрофесионални медиуми, односно да одвоиме веб портал што е медиум според стандарди од веб портал што е класичен извор на манипулации и дезинформации, вели Заев во интервјуто за „Капитал“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести