9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Заев објави 30 кандидати за градоначалници: Шилегов за Скопје, Николов за Штип, Георгиевски за Охрид, Халими за Арачиново

Најчитани вести

СДСМ ќе ги објавува своите кандидати за градоначалници етапно. По вечерашната прва група, следните имиња треба да бидат објавени на почетокот или во првата половина на август, додека третата група ќе биде позната на крајот на наредниот месец
На вечерашната седница на Извршниот одбор (ИО) на СДСМ, владејачката партија утврди 30 имиња на кандидати за градоначалници со кои ќе настапи на локалните избори предвидени за октомври годинава.

Од кандидатите кои ги објави лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, само двајца се нови а останатите се актуелни градоначалници кои ќе се тркаат за нов мандат. Ново име, во оваа група на кандидати, СДСМ ќе предложи во Пехчево и во Росоман. Актуелен градоначалник на социјалдемократите во Пехчево е Драган Тренчовски, а на претстојните избори тие ќе го кандидираат Славчо Пандурски. За Росоман, каде во 2017 партијата победи со Бранко Јанев, СДСМ сега ќе го кандидира Стојан Николов. СДСМ вечерва објави кандидат за градоначалник и во Петровец, една од петте општини каде ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори во 2017. Таму ќе се обиде да победи со Елизабета Зеленикова.

Од поголемите градови утврдени се кандидатите на актуелните градоначалници на Скопје – Петре Шилегов, Охрид – Константин Георгиевски и Штип – Сашко Николов, како и на скопските општини Кисела Вода – Филип Темелковски и Бутел – Велимир Смилевски.

Целосната листа со имиња кои се потврдени е следна:

Арачиново – Миликије Халими;
Бутел – Велимир Смилевски;
Богданци – Благојчо Шапов;
Валандово – Перо Костадинов;
Босилово – Зоран Зимбаков;
Вевчани – Сашо Јанкоски;
Виница – Ивица Димитров;
Градско – Роберт Бешовски;
Делчево – Горан Трајковски;
Демир Капија – Лазар Петров;
Дојран – Анго Ангов;
Зелениково – Борче Гиевски;
Карабинци – Јордан Насев;
Кисела Вода – Филип Темелковски;
Конче – Благој Илиев;
Крушево – Томе Христоски;
Маврово и Ростуше – Медат Куртовски;
Лозово – Ацо Велковски;
Новаци – Љубе Кузманоски;
Охрид – Константин Георгиевски;
Пехчево – Славчо Пауновски;
Пробиштип – Драган Анастасов;
Петровец – Елизабета Зеленикова;
Ресен – Живко Гошаревски;
Росоман – Стојан Николов;
Старо Нагоричане – Жаклина Јовановска;
Чашка – Горан Стојановски;
Штип – Сашко Николов;
Скопје – Петре Шилегов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести