3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Заев: Не може селата и градовите да влечат назад а Владата да оди напред, затоа на 31 октомври народот одлучува целосно за сѐ

Најчитани вести

„Селата и градовите, вклучително и Градот Скопје, во цела наша земја не можат да влечат назад преку своите први луѓе, а Владата да оди напред. Јас и Владата предводена од мене не може да продолжи ако Градот Скопје и општините уназадуваат назад по сите основи – по основите на интеграциите, по основите на едното општество за сите, по основа на модерната изградба. Не одат едно со друго, затоа на 31 октомври се одлучува за сѐ – целосно“, изјави денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ – Зоран Заев.

Затоа на 31 октомври, повика Заев, народот треба да се обедини и да се исправи, за, како што рече, сите да одиме напред.
„Јас можам, а и Владата предводена од мене, да успеваме во интеграциските процеси, ако скопјани – каде што е најинформиран и најупатениот наш народ, не дадат поддршка со мнозинство гласови на тие кои веднаш ќе нѐ скараат со Грција, со Бугарија, со Албанија, со Србија, со Косово и со остатокот од светот. Јас можам, а и влада предводена од мене, да продолжи да го помага развојот на Скопје преку нови паркови, мостови, забавни паркови, пречистителни станици, инвертори, ако скопјани во мнозинство не дадат поддршка на тие што ќе прават нов кичерај, споменици, шмизли, златни огради и слично“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање што доколку не ја добие бараната поддршка за обединување.
„Народот на 31 октомври ќе одлучи дали е за да продолжиме по патот напред или ќе се враќаме во минатото. Народот на 31 октомври ќе одлучи дали е за слобода, демократија, интеграции и дома и во ЕУ, или е за нов режим и нови поделби дома и кавги со соседите и светот. На 31 октомври народот всушност ќе ја донесе одлуката за сѐ. Целосно, комплетно. Народе мој, демосот во демократијата одлучува, до народот, до секој од вас, до нас, поединечно и персонално е да не се враќаме назад, да се исправиме, да се обединиме и да одиме напред. Борбата нѐ чека. Борба за подобар економски стандард, борба за интеграција во ЕУ, за подобро владеење на правото, за повисоки плати и пензии, за повеќе среќа дома, а не нови кавги, поделби и узанадувања. Сограѓани мои, одиме напред, ајде на гласање на 31-ви за најдоброто“, повика Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com