30.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Заев: Не ги игнорираме руските вакцини

Најчитани вести

Прво не е работи за никакво игнорирање. Се работи пред се за одговорност, ако имате предвид дека сте ставиле потпис во Ковакс системот, па дури и сте авансирале 20 отсто и платиле од парите за вакцината, сте потпишале директен договор со Фајзер и ги калкулирате овие плус количини на првите од 800 000. Ја знаете отприлика количината која ЕУ официјано објави, 70 милиони евра за Западен Балкан, само ако го пресметате и го ставите процентот на граѓани од Република Македонија во Западен Балкан можете да пресметате колку имате количини.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев како одговор на новинарско прашање „зошто се игнорнирала понудата за руските вакцини против ковид-19“.

Тој посочи дека тоа што е уплатено или договорено со Кина, тоа што го имаме како понуда со соседите, на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација.

„Здравјето на граѓаните е суверено право, иако сме најнова членка на НАТО, ниту Вашингтон, ниту НАТО, стретешките партнери на државата, ниту ЕУ има резерви или предрасуди во делот на изборот на вакцините, дали се работи за Фајзер, Астра зеника или се работи за Синофарм или за Спутник од Русија или било каде конкретна одговорност не можете да направите оти кога влегувате во прифаќање на понуда, ставате потпис во најмала рака, дури и парите да не се исплатени, ниту авансите, морате да ги исколкулирате сите количини. Се работи за скапа, многу важна работа, се работи за огромни народни пари така да не смееме да си дозволиме ништо друго освен сериозност околу постапките за набавки на вакцините“, рече премиерот Зоран Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести