9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Заев: Нема никаква двосмисленост во желбата на сите членки за интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Најчитани вести

Сите средби со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји беа позитивни. Имаше три теми на разговор – економскиот инвестициски план, Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија и секако прашањето со Бугарија, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по Осмиот форум на граѓанско општество на Западен Балкан, што се одржува денеска во Скопје.

Нема, посочи Заев, никаква двосмисленост или нејаснотија во желбата на сите 27 земји членки за идната интеграција на Западен Балкан во ЕУ и тоа ни беше појаснето и од претседателката на Европската комисја, Урсула фон дер Лајен и од еврокомесарот Оливер Вархеји.

– Првата тема беше економскиот инвестициски план. Имаме позитивни пораки за Северна Македонија за пакетот 2021 година, поголем од 500-600 милиони евра и сме прворангирани и добивме најголема поддршка од грантовите преку овој план кој стартува оваа година. Секако тоа мора да помине на верификација од земјите членки во Европскиот парламент и до крајот на годината да биде официјализиран. Оставаме ЕУ да ги објави и проектите и парите и се што е поврзано со тоа, појасни Заев.

Втората работа, рече Заев, за која разговаравме беше Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија и соодветното поставување на лидерите од Западен Балкан во пресрет на форумот.

– Желбата е и на Западен Балкан и на ЕУ, конечно да направиме поместување во овој процес и соодветниот наратив на форумот, што ќе се одржи во Словенија, навистина ќе биде многу важна порака што треба да стигне до граѓаните и институциите во сите земји од Западен Балкан, но и кај земјите членки. Ги следите дискусиите во ЕУ. Нема дилеми за стратешката поставеност на Западен Балкан, на ЕУ кон процесот на интеграции на Западен Балкан и затоа е многу важно по одредена видлива пауза, кои конкретни чекори ќе бидат прифатени, изјави Заев.

Третото прашање, појасни Заев, било поврзано со Бугарија, каде еврокомесарот Вархеј беше во посета пред една недела.

– Прво доаѓа охрабрувањето на тимовите меѓу министерствата за надворешни работи да продолжат во духот на изнаоѓање на прифатливо решение. Напорите, кои што ги прави еврокомесарот Вархеј и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, секако претходниот ден охрабрени од претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, се тие пораки кои што беа испратени – до крајот на годината, односно од 14 до 17 декември кога е Советот на Европа, да имаме позитивно решение. Дотогаш треба да работиме сите страни, пред се Северна Македонија и Бугарија, но и ЕУ, за да ја постигнеме целта, изјави Заев.

За тоа дали било разговарано со европските партнери за текстот објавен од Ројтерс за проблематизирањето на проширувањето, Заев рече дека прочитал и од извештаите кои доаѓаат од МНР и од нашите амбасадори, за разговорите на европско ниво за формулациите, што како порака треба да се испратат од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија.

– Една од причините беше и таа што разговаравме со еврокомесарот Вархеј. Има потврда дека нема дилема оти местото на цел Западен Балкан е во ЕУ и тоа е чиста работа. Наративот што дел од земјите сакаат да го преточат е да биде на линија на новата методологија. Процесот мора да биде во делот на успешноста и знаете дека новата методологија има и повратен механизам. Ако фалирате и не успеете во владеење на правото, иако исполните одреден кластер, може да се вратите на самиот почеток и во функција на тоа ги разбирам и Франција, и Холандија и Данска, кога го дефинираат самиот наратив, но нема никаква двосмисленост или нејаснотија во желбата на сите 27 земји членки за идната интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Тоа ни беше појаснето и од претседателката на ЕК, и од Еврокомесарот Вархеј, изјави Заев.

Новата методологија, посочи тој, не е само за нас – Северна Македонија и Албанија, кои чекаме да ги отвориме првите кластери, туку се сериозно прашање и за Србија и Црна Гора – кои веќе имаат завршено поглавја и како сега да продолжат по кластери.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com