5 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

Заев нема намера да поднесе оставка, но се извини

Најчитани вести

Голема прашина крена телефонскиот разговор на премиерот Зоран Заев кој беше мета на руски комичари.

Тој порача дека нема да поднесе оставка, но се извини на граѓаните, поради разговорот кој предизвикал горки чувства.

-Почитувани се сите протоколи, а олеснителна околност е што сум во добро друштво. Во овој разговор не гледам дека има издавање на државни тајни и жалам за споделувањето на телефоните. Немам намера да поднесам оставка, а од ова ќе излеземе само посилни. Јас сум многу достапен човек, но понекогаш ваквата отвореност носи горки чувства кај граѓаните и се извинувам за тоа, рече Заев.

Според него, ова не е прашање за кое треба да се поднесе оставка, туку да се извлече поука. Најави дека Владата набрзо ќе излезе со план за акција против ширење на дезинформации и зајакнување на протоколите за безбедна комуникација.

Трите разговори траат вкупно нешто помалку од еден час, а во нив комичарите разговараат со Заев на разни теми, од меѓународните односи, Договорот од Преспа, безбедносната ситуација на Балканот, руското влијание во регионот и признавањето на Македонската православна црква.

Според премиерот, не станува збор за откривање на државни тајни, туку за повторување на јавно искажани ставови. Во делот од разговорот каде се споменува МПЦ, пак, вели дека е извршена сериозна интервенција и дека контекстот не е автентичен. Имено, во снимката достапна за јавноста, се слуша како премиерот нуди мито од 100 000 евра во замена на признавање на МПЦ.

Сепак, жали што споделил телефонски броеви на странски службени лица. Вели дека најчесто практикува директна комуникација преку Ватсап апликацијата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести