9 C
Skopje
Tuesday, April 20, 2021

Заев: Нема да дозволиме ниту една форма на родово базирано насилство

Најчитани вести

Нема да дозволиме ниту една форма на родово базирано насилство, држaвата е тука да ги заштити жените и девојчињата, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на онлајн конференција на Форумот на жени на СДСМ организирана по повод Меѓународниот ден на жената – 8 март.

– Политички и институционално, нашиот фокус во иднина ќе биде на имплементацијата, на градење нови механизми, но и на законски подобрувања. Преку Министерството за труд и социјална политика веќе сме во процес е на донесување на новиот закон за родова еднаквост. Преку овој закон, наша цел е да се обезбеди остварување на потполна родовата еднаквост, преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење за целосно надминување на пречките и создавање услови за остварување на потенцијалите на сите луѓе, без разлика на полот, родот и родовиот идентитет. Формирањето на секретаријатот дава приоритет на прашањето на родова еднаквост и поголеми овластувања во насока на следење на мерките за родова еднаквост, ова беше наше програмско ветување кое имам чест да кажам дека преку овој закон истото се реализира – посочи Заев.

Toj истакна дека државата, инситуциите, ќе се вложат во поголема заштита на жените и првенција и соодветно санкционирање на сите случаи на родово базирано насилство.

– Последните примери, како оној со „Јавна соба“ е доказ дека сите заедно треба да делуваме и да работиме на поширок фронт, почнувајќи од едукацијата и образованието, имајќи ги предвид промените кои ги носи дигитализацијата и употребата на социјалните мрежи, па се до нови алатки и механизми за поефикасно институционално делување, вклучувајќи овде и неопходни законски измени. Не е доволна решителност или делување на само една партија, туку да предизвикаме промени, широки, општествени. Има нови форми на злоупотреби, на насилство, и ние сме решени и делуваме. Јас веќе во неколку наврати ја испратив пораката дека нема да бидеме неми на било какво насилство, особено форми на насилство врз девојките и жените – порача Заев.

Тој осочи дека жртвите на секаков вид насилство треба да знаат дека не се сами, државата, институциите се тука за да ги заштитат но и соодветно да ги казнат сите оние кои сториле каков било вид на насилство.

– Согласно обврската на институциите да застанат во заштита на жените и девојките, ги повикуваме обвинителството и судот да постапуваат брзо, одлучно и професионално и да бидат значаен и суштински дел од институционалниот одговор на санкционирањето на родовото и сексуалното насилство. Како Влада преку министерството за правда отворивме процес за измени и дополнувања на Кривичниот законик со воведување на две нови кривични дела „Демнење“ и „Сексуално вознемирување“ СДСМ, владата, мнозинството, нема да дозволи ниту една форма на насилство или повреда на права на жени, девојки или кој било граѓанин, да бидат премолчени или неказнети. Нашата обврска е да создадеме општество во кое нема места за какво било физичко, психичко или сексуално вознемирување, општество насочено кон превенција на насилството и заштита на жртвите.Сето ова доаѓа како континуитет на нашите политики. Како Влада ја усвоивме и Конвенција на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство или позната како Истанбулска конвенција, која претставува регионален правен инструмент што дава сеопфатна заштита на правата на жените. Оваа конвенција предвидува заштита на жените од насилство, унапредување на родовата рамноправност – рече Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести