30.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Заев на трилатерална средба во Нови Сад

Најчитани вести

Во Петроварадинската тврдина во Нови Сад ќе се одржи трилатерална средба помеѓу премиерот Зоран Заев, претседателот Александар Вучиќ и шефот на албанската влада, Еди Рама.

Синоќа Заев пристигна во Нови Сад, каде беше пречекан од градоначалникот Милош Вучевиќ, по што присуствуваше на вечера приредена од Вучиќ и српската премиерка Ана Брнабиќ.

Според најавите од кабинетот на српскиот претседател, тема на состанокот што ќе се одржи во претпладневните часови е поврзување на пазарите на земјите од регионот и отстранувањето на различните бариери за водење бизнис и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги.

– Добредојдена е секоја иницијатива што оди во насока на зајакнување на регионалната соработка, како критериум и во ЕУ агендата и што ја забрзува евроинтеграцијата на Западен Балкан – објави Заев на својот Фејсбук-профил, додавајќи дека за оваа тема денеска ќе разговара со Вучиќ и Рама.

Според него, постои неискористен потенцијал за зголемување на регионалната соработка, зголемување на трговијата, протокот на стоки, услуги и капитал меѓу сите земји на Западен Балкан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести