12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Заев наброја градоначалници од кои е задоволен, не спомена ниту една скопска општина

Најчитани вести

Реакциите на народот ќе бидат пресудни за тоа кого ќе кандидираме на следните локални избори, истакна денеска Премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарски прашања.

Тој наброја дел од општините од кои е задоволен од кадрите на СДСМ, но во нив немаше ниту една скопска општина ниту пак некој поголем град.

„Лично јас имам свои ставови. Ќе застанам зад неколку кандидати, Валандово, Богданци, Дојран, Конче, Кочани, Штип, Старо Нагоричани Крушево, Маврово Ростуше, Демир Капија“, рече Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести