2 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Заев му порача на советникот Усеини да ја урне дивоградбата во центарот на Охрид

Најчитани вести

Општина Охрид да постапи согласно законските одредби со дивоградбата на советникот во општината во центарот, порача премиерот Зоран Заев и најави дека доколку не се постапи согласно законот, ќе бидат одземени надлежностите на локалната самоуправа.

„Законот мора да важи еднакво за сите. Така што апелирам до сите граѓани, па и до почитуваниот советник господинот Нефи да ги отстрани дивоградбите што не можат да се легализираат, односно немаат никакво право за легализација, затоа што државата ќе ги тргне. Ќе ги тргнеме заради тоа што е загрозен Охрид со УНЕСКО, заради тоа што граѓаните реагираат, заради тоа што не е правда овде“, рече Заев.

Тој додаде дека дивоградбите треба да се срушат оти се дивоградби и не можат да се легализираат по закон.

„Треба да се срушат, а екстра причина е УНЕСКО. Верувам дека и во овој случај ќе покажеме, што значи законот и владеење на правото“, изјави Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање тој потврди дека веќе разговарал со градоначалникот на Охрид и дека очекува да постапи според законот.

„Не очекувам ни помалку, ни повеќе, ни мускули, ни сила. Само по закон за секого. Ако не се постапи така, најавувам одземање на надлежности, како што сум му најавил на господинот Мерко за одредени постапки. Јасно е пропишана постапката во која се укажува писмено и доколку не се постапи се одземаат надлежностите и тогаш државата постапува“, рече Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести