10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Заев: Крушево нема да ги заборави злоделата на луѓето од режимот

Најчитани вести

Крушево е Македонија во мало, град кој ја задолжил македонската историја и затоа мораме да инвестираме во неговата иднина, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва на предизборниот собир во Крушево, каде беше промовиран кандидатот за градоначалник Томе Христоски, кој на 17 октомври ќе бара поддршка за втор мандат.

-Изминатите четири години се остварени големи резултати и успеси, а доказ за тоа е Крушево, знаете како беше во четирите години под ВМРО-ДПМНЕ, а како е во претходните четири години под раководство на СДСМ, разликата е како небо и земја, истакна Заев.

Единаесет години во времето на режимот, Крушево беше заборавена општина, а неговите потреби беа игнорирани, сега гледаме инвестиции, реализација на проекти важни за граѓаните, рече Заев.

-И сега истите луѓе од режимот доаѓаат овде да ветуваат наводна „нова иднина“ а самите се заглавени во темното минато и се надеваат дека народот заборавил. Е па се излажале, народот не заборавил, Крушево не заборавило и нема да заборави на сите злодела што ги направија за 11 години,посочи Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com