7.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Заев и Шекеринска на среба со Лофвен:Силна поддршка од Шведска за европските интеграции на Македонија

Најчитани вести

Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска во Стокхолм се сретна со Стефан Лофвен, премиер на Кралството Шведска, соопшти владината прес служба

На средбата е изразена поддршка за европските интеграции на Република Македонија. Констатирано е дека нашата земја направи видлив реформски прогрес во делот на правосудството, борбата против корупцијата, добрососедските односи и дека тоа треба да биде вреднувано со исчекор во евроинтеграциите.

Порачано е дека Република Македонија може да смета на поддршката од Кралството Шведска и во иднина.

Премиерот Заев и вицепремиерката Шекеринска се заблагодарија на премиерот Лофвен и на Кралството Шведска за постојаната поддршка на демократските процеси и на сите клучни политички процеси за напредокот на Република Македонија.

„Работиме на реформите и понатаму со став дека европските перспективи за нас како држава немаат алтернатива. Во очекување сме и на заокружување на НАТО интеграциите. На нашата држава, како и на Западен Балкан и на Европа им се потребни стабилност, просперитет и развој. Потребна им е одржливост. Тоа се процеси во коишто Шведска дава водечки придонес за што сме благодарни“, рече меѓу другото, премиерот Зоран Заев, на средбата со шведскиот премиер Стефан Лофвен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com