23 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Заев и Шекеринска денеска во работна посета на Стокхолм

Најчитани вести

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од вицепремиерката Радмила Шекеринска денеска е во работна посета на Стокхолм, Кралството Шведска, соопшти владината прес служба.

Предвидено е, во рамки на работната посета, премиерот Заев да се сретне со Стефан Лофвен, премиерот на Кралството Шведска.

Претседателот на Владата, Заев и заменик претседателката Шекеринска се поканети во Стокхолм и на Конвенцијата на Прогресивната алијанса, меѓународно движење на прогресивни, социјалдемократски и социјалистички сили од целиот свет, кои се заложуваат за модерна, демократска форма на отворена соработка со фокус на одржливиот развој, социјалната правда, можностите за младите луѓе, економијата, а на којашто ќе учествуваат повеќемина премиери и претставници на влади на европски земји и од светот.

Отворени се можности и за други билатерални средби на премиерот Заев во текот на работната посета на Стокхолм, којашто започнува со неговиот шведски колега, Лофвен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести