Home » Заев и Филипче на дипломатскиот форум во Анталија, најава за фондација со име на изборниот концепт на СДСМ од 2017-та

Заев и Филипче на дипломатскиот форум во Анталија, најава за фондација со име на изборниот концепт на СДСМ од 2017-та

by Журнал.мк

Поранешните владини функционери учествуваа на самитот во Анталија каде Македонија имаше и официјална делегација.

Според ТВ 21, присуството на поранешниот премиер Зоран Заев на дипломатскиот форум на Анталија е поврзана со неговата идеја да формира фондација „Едно општество за сите“. Заев и претходно неколкупати најави дека по заминување во политичка пензија ќе се посвети на лична фондација.

Името „Едно општество за сите“ е земено од предизборниот концепт на СДСМ во 2017-та година. Партијата засега не се изјаснува што мисли за „позајмувањето“ на сопствените партиски кованици и концепти.

Она што се знае, согласно фотографиите и видеата кои беа лиферувани од овој дипломатски форум, е дека на Заев му правел друштво поранешниот министер за здравство Венко Филипче, кој истовремено со партискиот лидер ја напушти и СДСМ и владата. На форумот беше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, но никој не објави заедничка фотографија од двајцата (Заев и Османи), па не е јавно откриено дали се сретнале на брегот на Средоземното Море.

Дипломатскиот форум сепак го одбележа директната средба на украинскиот и рускиот министер за надворешни работи Кулеба и Лавров, со посредство на турскиот домаќин Чавушоглу. Таа се одржа на почетокот на форумот кој траеше од 11. до 13. март.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More