9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

„Заев и СДСМ се спремаат за опозиција, ветуваа живот, но донесоа криминал, корупција, Европа со нив е недостижна цел“

Најчитани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот предизбрен митинг во општина Демир Хисар истакна дека ова не се обични локални избори, затоа што сега не само што бираме градоначалник и советници, во суштина ова се избори кои ќе определат во каква насока ќе се движи Македонија.

– Дали ќе се избере насоката на обнова, проекти, визија, стратегија, просперитет и иднина или пак ќе останеме заглавени во денешното мачно и тешко секојдневие, полно со порази неправди, криминал и корупција, односно изборот е помеѓу иднина или минато, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека ако ги погледате настаните на СДСМ предводено од Зоран Заев и оние мали зоранчиња кандидати за градоначалници од СДСМ ќе видите дека тие имаат реторика со која длабоко се заглавени во минатото, заглавени во 2015 кога беа опозиција.

– Се подготвуваат за една опозиција, па уште сега речникот им е таков. Заборавија дека 4 години се апсолутна власт каде имаа можност да покажат дека ќе донесат живот и развој, но донесоа криминал, корупција, измами, предавства, распродажба, го засрамија сопствениот народ. Народот се разочара, се сели, селата се празни, а почнаа да се празнат и градовите.   Сите не поминаа на Балканот, Европа веќе за нас е недостижна цел, тапкаме во место не вратија неколку чекори наназад, човек срам да го фати од оваа неспособност, од ова неработење раководено од СДСМ, Зоран Заев и неговите малечки зоранчиња, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потенцираше дека оваа власт се фали дека е најдобра, но најдобри се само ви криминал, корупција, предавства.

– Велат дека биле најдоброто, ама најдобри се само во крадење, криминал и лажење, тука им нема рамен. Ја направија Македонија најкорумпирана во Европа. Во ковид пандемијата повеќе од 6000 наши сограѓани загубија некој свој близок поради неспособноста на Венко Филипче и Заев. 14 луѓе живи гореа,  никој не сноси одговорност за тоа. Најдобри се да бараат провизија наместо да ги лекуваат граѓаните. Најдобри се по издавање на пасоши на нарко  босови па нема криминалец на Балканот кој нема македонски пасош добиен од Оливер Спасовски, нагласи Мицкоски.

Тој посочи дека власта толку не се грижи на народот што во Ресен килограм јаболко се откупува по 2 денари, што е понижувачки и срамно, а Зоран Заев се вози со БМВ од 100 илјади евра кој чини колку 3 милиони килограми јаболка.

– Лозарите добиваат понизна цена, трудот им е неплатен, не знаат како ќе ја поминат зимата, во Кочани оризопроизводителите се жалат дека е мачно, а оризовата арпа  од 12 до 15 денари што значи дека 400 тони оризова арпа колку автомобилот на Зоран Заев, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди иднина, бидејќи живот со СДСМ не е иднина туку статус кво, без проекти, со паушални постапки и импровизации, тоа е иднина во која нивниот збор вреди колку едно големо ништо, тоа е иднина без победи и без развоен економски план. Со овие луѓе не може да биде подобро, докажаа дека не можат и дека не знаат, затоа потребна ни е иднина на победи, проекти, иднина на промени

Мицкоски нагласи дека потребни се победи како тие кога кога ќе ги срушиме ѕидовите помеѓу нас, кога ќе спасиме 14 човечки животи, кога ќе погрешиме да признаеме и да ја исправиме грешката и да се извиниме

– Победа да создадеме вредности, да има одговорност, да не се откажуваме, да создавате, да работиме да одиме напред. Со заеднички патриотизам ќе ја победиме заедничката мака и ќе создадеме иднина, да ги победиме криминалот, корупцијата, неправдите.  Тоа е содржано во програмата на секој градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, каде има повеќе од 14.835 проекти, најмалку 2000 улици, проекти за секого, за реалните потреби на граѓаните кои потекнуваат од нивните потреби, 100 градинки, 150 училишта, 100 паркови, инвестиции во 60 објекти од културата, 90 спортски сали, гасификација и уште многу други проекти, изјави Мицкоски.

Мицкоски истакна дека затоа граѓаните на17 октомври ќе изберат иднина, проекти и победи, а потоа по победата на локалните избори, следува нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и таа влада ќе ги отвори книгите уште во првите 100 дена за сиот криминал, за сиот срам, за сите предавства што ги направија овие 4 години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com