14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Заев и Николовски го објавија Акцискиот план за борба против корупцијата

Најчитани вести

Со акциски план владата ќе ја менува перцепцијата за борбата против корупцијата. Премиерот Заев и вицепремиерот Николовски презентираа план во 14 точки кои што предвидуваат конкретни мерки, законски измени и нови механизми кои им се ставаат на располагање на граѓаните и антикорупциските институции со цел поефикасна битка со криминалот и корупцијата.

За премиерот Заев спроведувањето на овој план ќе спречување на корупција во редовите на актуелната власт, но и ќе значи демонтирање на, како што рече „режимските остатоци во системот“.

Планот предвидува целосна дигитализација и опремување на истражните центри на јавни обвинителства, ќе се дигитализира и Управата за водење матични книги на родени, со што изводите би се ваделе онлајн.

Предвидено е електронско поврзување на сите антикорупциски институции на една платформа, поврзување на инспекциските служби, единствен регистар за државна помош, нова стратегија за финансиски истраги и конфискација на имот, мерки за подобрување на работата на јавната администрација, обврска секоја институција да има лице задолжено за прием на пријави за укажувачи, единствен регистар на службени возила, кол центар за корупција и ненавремено постапување, законски измени за навремено откривање на корупција, како и задолжување на сите институции да подготват годишна антикорупциска програма.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com