Претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев во вторник ќе седнат на заедничка маса во обид да постигнат финален договор за новиот закон за јавно обвинителство и за судбината на СЈО, потврдуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски досега ги избегнуваше поканите за средба со Заев, условувајќи го своето присуство со разговори за вонредни избори, но сега се согласил во вторник да дојде во Собранието и да се види со политичкиот противник.
Мицкоски вчера попладне, во разговор за ТВ Алфа, изјави дека тема на престојната лидерска средба нема да биде само законот за јавно обвинителство, туку и закажување предвремени парламентарни избори.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека може и треба да се отвори дебата за вонредни избори, ама дека централна тема на престојната лидерска средба е законот за јавно обвинителство.