-1 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

Заев изрази сочувство и понуди помош за Албанија

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев денеска изрази сочуство за жртвите од земјотресот во Албанија и понуди помош и поддршка.

„Со загриженост ги следиме вестите за големиот земјотрес во Албанија, во Драч и во близината на Тирана. Силината на земјотресот, кој го почувствуваме и ние, ги насочи мислите кон нашите соседи. Најискрено сочувствуваме со најблиските на жртвите, и се надеваме на брзо закрепнување од последиците“, вели Заев.

Тој во објава на својот Фејсбук профил вели дека од утрово се во комуникација со институциите на Албанија и оти земјава е подготвена да ја пружи сета неопходна помош и поддршка.

Македонската Влада на денешната седница како прва точка ќе ги разгледа сите можности за помош на Албанија по ноќешниот силен земјотрес во кој има и човечки жртви.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изрази сочуство до семејствата на загинатите и кажа дека тој утринава веќе неколку пати зборувал со албанскиот министер за надворешни работи со цел да ги чуе нивните потреби за помош.

Османи информираше дека екипа од дваесетина спасувачи во координација со Дирекцијата за заштита и спасување веќе се подготвуваат да одат во погодените места.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести