16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Заев за средбата Мицкоски-Пендаровски: Не очекувам ништо, не може да се аболицираат осудените за 27 април

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев не очекува ништо од средбата помеѓу шефот на државата Стево Пендаровски и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поврзано со прашањето за судската постапка за 27 април. Заев кажа дека треба да има дијалог, особено, кога се во прашање законите кои се заглавени во Собранието.

„Не очекувам ништо. Убаво е што има дијалог. По основ на прашањето за 27 април не очекувам ништо. Не може да аболицира по делото за терористичко загрозување на уставниот поредок. Нека направат муабет. Внимателно ќе ги слушнам заклучоците кои ќе ги споделат со јавноста. Како и за сите случаи, така и за тој, ако има докази кои силно влијаат да се промени нешто во постапката, како за сите други случаи така и за овој, за тоа одлучува судот“, рече Заев.

Во однос на шпекулациите дека Косово одбива да екстрадира двајца осудени во случајот „Монструм“, кажа дека државата ќе ги преземе сите меѓународни механизми за да тие бидат донесени во Македонија, со цел, да ја издржат казната.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести