7 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Заев за РСЕ: Не сум вмешан во „Рекет“, објавете се што имате

Најчитани вести

Нека се објави се во врска со Рекет, јас не сум вмешан. Сакаме ветинг и брзо продуцирање кадри за судството. Покачувањето на платите не е предизборен поткуп, туку реален одраз на успешните политики на оваа влада. Прашањата со Грција и Бугарија ќе се решат низ договор, вели премиерот Зоран Заев во неделното интервју за Слободна Европа.

Премиерот во интервјуто посочува дека е убеден дека ќе победи на предвремените избори кои ќе се одржат на 12 април.

– Јас сум убеден дека ќе победиме. Секако, тоа е одлука на граѓаните. Тргнувам од впечатокот за тоа што е постигнато во овие две и пол години, каква е алтернативата, односно што нудат нашите опоненти и определбата за идниот раст и развој на нашата земја. Верувам дека со програма којашто ќе продолжи како континуитет на сето ова што досега е направено, граѓаните ќе имаат јасна определба да победиме на следните избори на 12 април – вели Заев.

Тој нагласува дека е свесен за слабостите на оваа влада, но и на самиот систем, затоа што не е сè влада. Премиерот, исто така, е свесен дека граѓаните се разочарани од тоа што Макеоднија не доби датум за преговорои со ЕУ.

– Секако, разочарувањето е присутно кај сите граѓани, присутно е и кај мене, поради тоа што ЕУ не донесе одлука. Останува нашата надеж дека таа историска грешка ќе ја поправат. Дефинитивно во правосудството граѓаните не ги добија очекувањата коишто ги имаат и затоа ние многу гласно зборуваме за она што ќе се случува во иднина во правосудството, затоа што правосудството не е под контрола на владата, на извршната власт. Ние ги донесовме законите, парламентот ги усвои, очекуваме многу работи во правосудството да се подобрат. Она што веќе е придобивка во судството е што имаме транспарентни процеси, имаме процеси која сите се еднакви пред законот и пред правдата, тоа го покажаа и случаите, што не беше случај пред 2,5 години за време на претходната власт, но секако тоа не е доволно. Знам дека се донесени неколку пресуди, неколку од нив се правосилни. Тоа сето не е доволно, но верувам дека во иднина ќе има уште повеќе конкретни пресуди – вели премиерот во интервјуто за РСЕ.

На обвинувањата од опозицијата дека тој е главата на октоподот во случајот „Рекет“, Заев вели:

– Не може да се случи без знаење на премиерот ако премиерот е автократ и ако има контрола врз сите процеси во државата. Таква работа веројатно немаше шанса да излезе на површина ако се случуваше во времето на Никола Груевски. Во таквите случаи обично врхушката на власта ќе ги собереше парите, но сега премиерот го пријавува случајот, јас самиот го пријавив самиот случај и тоа беше јасно кажано и од обвинителството и од сите. При еден ваков случај на вака отворена и транспарента постапка, еве ги сите работи на повидок. Испадна дека на крајот тоа што го слушаме од медиумите како разработуваат одредени материјали, дека Орце Камчев којшто е вклучен во ваквиот случај на давањето поткуп, или како што некој вели рекетирањето, испаѓа дека тој давал сериозни донации за ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е влезена во тежок криминал, и тоа на последните избори кога се конструирал самиот случај Рекет. Јас би сакал таков вид на истрага да се отвори до крај за да ги видам основите. Како тоа 400 илјади евра, кога законот вели дека правен субјект може да донира до 30 илјади евра. Порано тоа ВМРО-ДПМНЕ го правеше со медиумите, кога должеше три милиони евра. Сега испаѓа дека истото тоа се случува. Зоран Заев е пријавител на случајот, Зоран Заев не е под истрага, ако има што било поврзано со овој случај, сакам да биде обелоденето – изјави Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести