7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Заев за „Политика“: Нашите народи бараат да се здружиме, „Отворен Балкан“ не е спротивен на ЕУ

Најчитани вести

„Отворен Балкан“ е израз на силната политичка волја на Северна Македонија, Србија и Албанија и иницијатива од највисок јавен интерес.Се поврзуваме со јасна, отворена и јавна намера нашите народи час поскоро да осетат директни, економски придобивки од олеснувањата кои ги обезбедуваме. Очекуваме многу скоро бенефитите да се осетат во домашниот буџет на милиони семејства, во квалитетот на живот на милиони граѓани, вели премиерот Зоран Заев во авторскиот текст за српскиот весник „Политика“.

-Ова што денес го градиме е европско и никако поинаку, затоа што во себе, во своите темели ги содржи четирите слободи на Европската Унија – Слобода на движење на луѓе, добра, капитал и услуги.Отворен Балкан е демонстрација на прогрес, наш чекор напред кон кој сме упатени следејќи ја мнозинската волја на нашите народи. Нема веќе чекање и нема отфрлање. Сечиjа поддршка е добредојдена на овој наш заеднички европски пат, а најмногу е добредојдена поддршката од Европската Унија, како наш природен, очекуван и долго повикуван партнер., смета Заев.

Тој напменува дека „Отворен Балкан“ не е алтернатива на ЕУ туку испорака на она што треба да го испорача и самата ЕУ.

-“Отворен Балкан” е комплементарен, а не спротиставен на ЕУ. “Отворен Балкан” е засилувач на нашата европска агенда, при што сите три земји остануваат посветени на своите агенди и обврски за пристапување во членство во ЕУ.Но, се согласивме дека Албанија, Србија и Северна Македонија нема да ја запрат својата интеграција поради конфузните сигнали кои ги праќа Брисел по однос на проширувањето за кое до вчера уверуваа дека е стратешко за Унијата. И додека Унијата наутро се проширува, а навечер се затвора, нашиот пат е дење-ноќе отворен, европски, без дилеми посветен на соработка, на пријателство, на солидарност, на повеќе слобода и на подобар живот за секој еден граѓанин од нашиот регион, пишува Заев.

Премиерот вели дека граѓаните не смеат веќе да чекаме ЕУ да постигнува консензус. Сегашноста и утрешнината во овој дигитален 21 век не можат веќе да чекаат.

-Ако земјите членки можеа да ја создадат ЕУ, зошто ние не би можеле да го создадеме „Отворен Балкан“. Моделот го имаме и фала богу учиме и од сопствените грешките во минатото, но и од грешките на ЕУ.

Единствениот начин како можеме да го подобриме животот во регионот е да го донесеме тоа што го имаат граѓаните во Германија, во една Франција, во една Австрија, Италија, овде во регионот. А сите знаеме дека овие наши пријателски земји ќе ни помогнат во тој трансфер на искуства, знаења и стандарди, пишува Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com