0.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Заев: За оставките ќе одлучам по форензички факти, а не врз основа на политички пресметки

Најчитани вести

Конечно се огласи и премиерот Заев. Тој истакнува дека одлуката за поднесените оставки од министерот за здравство Венко Филипче, од заменик-министерот за здравство, Илир Хасани и од директорите на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми ќе ги базира исклучиво на фактите кои ги добива од истрагата односно исклучиво согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот.

Заев вели дека ги примил оставките и дека истите ги разбира како висок морален и етички чин и како демонстрација на интегритет и одговорност која е неминовна при вакви големи несреќа.

-Имајќи предвид дека истрагата се спроведува со висока динамика и дека истата е обезбедена со највисоко ниво на стручност и професионалност, мојата проценка и одлука по однос на поднесените оставките ќе ја базирам исклучиво на фактите кои ги добивам од истрагата односно исклучиво согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот. Очекувам тоа да се случи брзо во следниот период за што уште еднаш апелирам до сите институции за брза и темелна истрага, вели Заев.

Тој додава дека одговорност има и ќе има, јасно утврдена врз основа на непобитни форензички факти, а не врз основа на политички пресметки.

Премиерот најави дека во текот на следната недела, во првиот момент откако експертската истрага ќе покаже нов посериозен напредок, ќе ги соопшти ставовите на Владата базирани на фактите од истрагата, на прес-конференција на која ќе одговари на сите прашања од медиумите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com