„Шверцери“,навивачката група на Шкупи во петокот прослави 30 години постоење во просторот на МНТ.
Во очи на јавноста во Македонија падна нивното однесување во оваа културна манифестација, која според премиерот Заев е недолична.
„Секој вандалски чин е за осудување, тука нема дилеми. Мене ми кажаа дека има и втор дел, а намерата била за млади луѓе. Но, испадна дека второт дел не била баш културна манифестација. Мора да има одговорност за кршење на инвентарот и мора да се надоместат штетите“, истакна Заев.