0.3 C
Skopje
Wednesday, January 27, 2021

ЗАЕВ Е ПОКАНЕТ ВО РИМ: Џузепе Конте бара да добиеме датум идниот месец

Најчитани вести

Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември, вели  италијанскиот премиер, Џузепе Конте. 

Тој додаде дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги отпочне преговорите за проширување на блокот кој ги вклучува Албанија и Севена Македонија, откако ЕУ ги блокираше преговорите со овие две земји.

Конте рече дека одлуката на лидерите на ЕУ на самитот во петокот да не им доволат на двете земји да отпочнат претпристапни преговори е историска грешка.

Премиерот, Зоран Заев е поканет во Рим од италијанскиот премиер, Џузепе Конте, непосредно пред новиот Совет на министри на ЕУ кој треба да се одржи на 19 ноември годинава.

Од кабинетот на премиерот потврдуваат дека е пристигната покана за посета на Италија, но се уште не се знае дали ќе оди и кога точно таа посета ќе се реализира.

Италијанскиот премиер деновиве изјави дека се надева дека очајот нема да доведе до најдлабока болка.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести