13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Заев: ЕУ бара прво да се осмисли ветингот па да се спроведе, без политичари во комисиите

Најчитани вести

За спроведување на ветингот во судството ЕУ бара прво да се најдат начините тоа да се осмисли, па да се спроведе, гледајќи го искуството на Албанија каде беа испразнети повеќе од 200 места кои не можеа потоа да се пополнат, изјави премиерот Зоран Зоран.

„Но, сега веќе Академијата продуца 60 кандидати, веднаш на почетокот на 2020 ќе продолжат со нови 60 кандидати. Преговараме со ЕУ и сакаме да постигнеме т.н. ‘брза лента’ која ќе ни даде можност сите правници со над пет години работно искуство, алидирајќи пред се на стручните соработници во обвинителствата и во судовите, адвокати но и други правници кои имаат веќе практично искуство три до четири месеци да одат на тестирање, да го полагаат испитот и да можат да бидат идни јавни обвинители и судии. Секако, како земја кандидат за членство и тоа допрва ќе го преговараме со ЕУ. Нашите аргументи се дека ние сме мала земја, ако не ги искористиме капацитетите кои веќе имаат практично искуство тогаш не би можеле да ги користиме сите можности кои ни стојат како држава. Верувам дека ќе се разгледаат сите варијанти, она што значи поголема продукција на идни кадри за јавни обвинители и за судии, но и ваквите брзи ленти ќе овозможат еден процес, кој како изразена политичка волја на општеството можеме да го надополниме”, рече Заев по денешната посетата на „Римес”.

Според него, во процесот на ветинг не може да учествуваат политичарите и тие не смеат да бидат во комисиите за ветинг. Во нив, како што рече, мора да бидат стручни експерти, а препорачува и меѓународни кои ќе влезат внатре за да се спроведат процесите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com