28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Заев да го врати мандатот на Пендаровски ако двајца министри се „радиоактивни“

Најчитани вести

Информациите за кои се уште нема официјален демант а според кои двајца македонски министри не добиле безбедносен сертификат од НАТО предизвикаа анализи според кои премиерот Заев мора да поднесе политичка одговорност.

Во таков случај шефот на Државата треба да го побара мандатот за правење влада назад, анализира екс амбасадорот и аналитичар Арсим Зеколи.

“Доколку се обистинат гласините за втор Министер одбиен од НАТО, тогаш согласно одговорноста како носител на споделена извршна власт С. Пендаровски мора да побара од Зоран Заев да го врати мандатот. Во спротивно, сноси одговорност за целосна меѓународна компромитација на земјата”, пишува Зеколи.

Информациите за двајца “радиоактивни” министри кои не ги минале безбедносните проверки на алијансата ги објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести