3 C
Skopje
Thursday, March 4, 2021

Заев го ажурира членството, СДСМ се подготвува на директни избори за нов лидер

Најчитани вести

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва објави дека го ажурирал своето членство во партијата во пресрет на изборот за партиски лидер на директни внатрепартиски избори, на 21 март, што е, вели, водство и пример што треба да се следи кога е во прашање македонската демократија.

„Денеска го ажурирав моето членство во СДСМ преку новиот систем, кој овозможува и активна регистрација. Овие денови волонтери и активисти на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија ширум целата земја ќе пристапат до секој член, офлајн или онлајн, со цел ажурирање на членството на партијата. На 21 март членовите на СДСМ ќе бираат лидер на партијата на директни внатрепартиски избори, што е водство и пример што треба да се следи кога е во прашање македонската демократија“, пишува на фејсбук Заев.

СДСМ е, додава тој, прва партија каде секој член има право да го избира својот претседател на директни избори.

Ги повикувам сите членови на СДСМ да го ажурираат членството, во општинските организации или онлајн и заедно да ја реализираме оваа прогресивна внатрепартиска постапка. Ги повикувам и сите поддржувачи на концептот кој ја води земјата напред кои имаат порив и желба за придонес кон развојот да пријават интерес за членство. СДСМ победува и СДСМ се менува, се подобрува, за подобро да им служи на граѓаните“, пишува на фејсбук статусот на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести