0.8 C
Skopje
Saturday, January 28, 2023

Заев, Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје

Најчитани вести

Денеска во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка на кој се очекува да учествуваат над 300 компании од Северна Македонија, Србија и Албанија, БиХ, Австрија, Полска, Грција. Ќе учествуваат и македонскиот премиер Зоран Заев, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама. Економскиот форум е во рамките на иницијативата за соработка позната како „Мини Шенген“.

На настанот ќе биде објавено новото име на регионалната иницијатива што досега беше нарекувана „Мини шенген“ и ќе бидат потпишани трилатерални договори што, според најавите, ќе го подобрат животот на граѓаните и на бизнис заедницата од Западен Балкан.

Меморандумот за разбирање за олеснување на увозот и извозот и движење на стоки во Западен Балкан и Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи произлегуваат од иницијативата за напредна регионална економска соработка меѓу Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија. Третиот меморандум е особено значаен за движењето на пазарот на трудот во регионот и со него договорните страни ја изразуваат својата волја да го олеснат движењето на луѓето за да обезбедат полесен и послободен пристап до пазарот на трудот, што значи отстранување на работни дозволи и поедноставување на постапките за добивање дозвола за привремен престој.

Вучиќ, Рама и Заев, според најавите на Форумот, ќе ја претстават политичката и економската визија за интегриран регион. Планирани се и бројни средби на бизнисмени од регионот, кои ќе се одржат по официјалниот дел на Форумот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести