30.8 C
Skopje
Wednesday, July 28, 2021

Заев во ОН: Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во Обединетите нации

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев имаше свое обраќање на пленарната сесија на 74. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

На почетокот тој се обрати на македонски јазик, и како што рече, за прв пат откако нашата земја е членка на организацијата, говори како шеф на делегацијата на Владата на Република Северна Македонија. Додаде дека тоа е резултат на Спогодбата од Преспа, со што, како што кажа, се реши 27- годишната разлика со Грција за името на земјата како прашање што имаше сериозни негативни и регионални и мултилатерални импликации и ја оддалечи земјата од нејзиниот напредок во евро-атлантските интеграции.

„Денес имаме само придонеси од решената разлика. Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик, а за државјанство: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Сега имаме исклучително добри односи со Грција, и со тоа придонесовме да зајакне регионалната стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан“, рече премиерот Заев на говорницата во ОН.

Тој додаде дека Спогодбата од Преспа, заедно со Договорот за пријателство со Бугарија, го забрзало нашето интегрирање во НАТО и ги отстрани најголемите пречки за наша интеграција во ЕУ.

„Веруваме дека Спогодбата од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот и дека е корисен пример за многу други отворени прашања“, потенцира Заев.

Осврнувајќи се на една од централните теми на ова собрание – климатските промени, премиерот Заев кажа дека е неопходна реализацијата на заклучоците од Парискиот договор и да го препознаеме и прифатиме влијанието на климатските промени како закана за безбедноста и стабилноста во светот и разорните последици од овие промени врз човештвото.

„Национално дефинираните придонеси се клучни за да се забрзаат активностите во однос на климатските промени. Северна Македонија ги зголеми националните придонеси според Парискиот договор, а истите се инкорпорирани како цели во нашите национални закони и политики“, рече Заев.

Премиерот нагласи дека спроведувањето на Агендата 2030 и Целите за одржлив развој се од централно значење за постигнување на вистинска промена и градење на одржлива иднина за сите, особено во елиминирањето на сиромаштијата, нееднаквоста, негативното влијание на климатските промени, и дека Владата на Северна Македонија целосно се залага за спроведување на Агендата 2030 што произлегува од националните стратешки документи и локалните планови.

Заев зборуваше и за миграциите и за борбата против тероризмот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести